Илјадници луѓе на улиците во Словачка против укинувањето на обвинителството за корупција

December 19, 2023
1 min read

Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со тешки кривични дела како што се корупцијата, организираниот криминал и екстремизмот

Илјадници луѓе денеска повторно излегоа на улиците низ градовите во Словачка да го изразат својот револт против планот на новата влада на премиерот Роберт Фиц за измена на Кривичниот законик, за кој треба да расправа парламентот, каде владејачката коалиција има мнозинство.

Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со тешки кривични дела како што се корупцијата, организираниот криминал и екстремизмот.

Тие случаи би ги преземале обвинителите во подрачните канцеларии кои 20 години не се занимаваат со такви кривични дела.

Лидерот на Напредна Словачка, најсилната опозициска партија, Михал Шимечка изјави дека најавените измени ќе донесат „амнестија за мафијата и корумпираните луѓе“.

„Мора да им покажеме дека ќе ја браниме правдата“,

рече Шимечка.

Протестите се интензивираа на 7 декември кога луѓето излегоа на улиците на Братислава, а денеска се протестираше во 11 градови. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За прв пат добија извод од матична книга – доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Следно

Умерено облачно, температурите до 13 степени

Latest from Blog

Автомобилско шоу во Тетово предизвика негодување кај граѓаните поради гласна бучава и отсуство на полиција

Денес попладне во Тетово се одржа автомобилско шоу кое, според поплаки од граѓани, траело од 16:30 часот со ниво на бучава далеку над дозволените 40 децибели за периодот од 15:00 до 18:00

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4)
Go toTop