Илиев: Хрватска е многу квалитетна репрезентација, наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе

May 28, 2024
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).

Репрезентацијата утре ќе биде во речиси комплетен состав со приклучувањето на Милан Ристовски, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов.

Бојан Димоски со својот клуб Акрон Тољати на 1. јуни игра плеј-оф натпревар за влез во Првата руска лига и ќе им се приклучи на репрезентативните колеги на собирот во Хрватска.

Нашиот репрезентативен голман, Дејан Илиев вели дека сме оптимисти во пресрет на натпреварот против Хрватска.

-Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

80% Американци ја гледаат брзата храна како луксуз

Следно

Немаат среќа: Овие хороскопски знаци постојано влегуваат во неволја

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop