Иднината на Чави ќе остане нејасна уште една недела

May 20, 2024
1 min read

Тренерот на Барселона, Чави останува во темнина за неговата иднина во клубот, информира локалното издание „Мундо Депортиво“.

Каталонците вчера победија со 3:0 на домашен терен против Рајо Ваљекано и го обезбедија второто место во Ла Лига, што беше минимална цел за него и раководството. Менаџерот денеска не се појави во базата на клубот бидејќи им даде два дена одмор на своите играчи пред последниот натпревар од сезоната против Севиља следната недела.

„Мундо Депортиво“ прецизира дека дотогаш нема да има развој во врска со иднината на Чави. Тренерот и претседателот Жоан Лапорта се очекува следниот понеделник да одржат посебен состанок за да ги разјаснат своите позиции и да донесат конечна одлука дали легендарниот играч од средниот ред ќе остане на чело на тимот и следната кампања.

Чудната ситуација настана во последните десетина дена, откако светскиот шампион даде коментари за ситуацијата во тимот, што, според локалните медиуми, го налутило Лапорта.

Чави уште во јануари првично најави дека ќе си замине од Камп Ноу и на тоа мислење имаше до пред две недели, кога на прес-конференција заедно со Лапорта објави дека се предомислил и ќе остане. Потоа и претседателот прокоментира дека ова е најдоброто за иднината на тимот. Сепак, коментарите на Чави го налутија шефот, кој радикално ја смени својата позиција и сега е на мислење дека сака да се раздели со актуелниот тренер. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во „облаците“ на Гугл се испогубија милијарди долари

Следно

Судски совет ја исклучи јавноста од седницата за одземање на имунитет за притвор на судијата

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop