Иако не е потпишан, договорот од Охрид за Белград и Приштина е обврзувачки, порача Борел

1 min read

Во Анексот (за имплементација), потенцираше тој, јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово

По заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел изјави дека договорот меѓу Србија и Косово, постигнат на средбата во Охрид, станал правнообврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение.

„Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува заложба за двете страни целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација“,

рече Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Тој нагласи дека ЕУ ќе го следи процесот на имплементација на сè што е договорено и додаде дека има итни работи кои мора веднаш да се спроведат, како што е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.

Во Анексот (за имплементација), потенцираше тој, јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово.

„Договорот мора да се спроведе според одреден календар. Овој календар бара секоја страна да го направи својот дел. Не треба да градиме куќа од покривот, туку од итните работи. Има работи кои се многу итни“,

рече Борел.

Тој денеска ги информираше шефовите на европските дипломатии за исходот од средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид на 18 март.

Србија и Косово на средбата во Охрид го договорија Анексот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Беше договорено и овие документи да станат составен дел на процесот за приклучување на Србија и Косово во Европската Унија.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ВИДЕО) Нови спорни моменти во надзорот над „Бехтел и Енка“: Фалат клучни документи за 23 експерти 

Следно

Научниците со последно предупредување за климатската криза: Да се дејствува веднаш или ќе биде предоцна

Latest from Blog