И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

September 4, 2026
1 min read

Пад од 5,9 отсто во производството и 7,8 отсто помалку работници се сериозен сигнал дека на македонското рударство му се потребни нови инвестиции, модернизација и јасна развојна политика

На македонското рударство не му треба само статистика – му треба нов развоен циклус.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 5,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Уште позагрижувачки е што бројот на работниците во секторот е намален за 7,8 отсто. 

Од иницијативата „И здравје и работа“ велат дека овие податоци не треба само да се констатираат, туку треба да бидат сериозен повик за отворање на прашањето како Македонија ќе го врати рударството на патеката на растот и развојот.

„Не треба немо да гледаме како се намалува производството, како исчезнуваат работните места и како една индустрија со децении останува без нови големи инвестиции. Рударството може и мора повторно да биде силен мотор на македонската економија, но за тоа се потребни инвестиции, нови технологии, современи стандарди и предвидливи услови за развој“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Според нив, проектот за рудник за бакар Иловица–Штука е конкретен пример за инвестиција која може да го промени размерот на македонското рударство, особено ако се реализира со современи технологии, високи еколошки стандарди и силен институционален надзор.

Проектот се поврзува со инвестиција од околу 350 милиони евра, производство на бакар и отворање на стотици директни и илјадници индиректни работни места. Но, истиот можност за значително зголемување на извозниот потенцијал на земјата.

„Ова не е прашање само на еден проект. Прашањето е дали Македонија сака повторно да има растечка рударска индустрија. Ако одговорот е да, тогаш мора да создадеме услови за инвестиции во нови рудници, истражување, модернизација и технологии“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата додаваат дека новото рударство не може да биде рударството од минатото. Тоа треба да биде побезбедно, дигитализирано, технолошки напредно и одговорно кон животната средина, со јасни правила за заштита на водата, почвата, биодиверзитетот и локалните заедници.

„Не треба да бираме меѓу економскиот развој и животната средина. Треба да бараме инвестиции што ќе ги исполнат највисоките стандарди и ќе покажат дека и здравје и работа можат да одат заедно,“ велат од И здравје и работа. 

Од „И здравје и работа“ апелираат падот на производството и вработеноста во рударството да не биде само уште една статистика во месечните извештаи.

„Ова треба да биде сигнал за акција. Ако сакаме рударството повторно да биде силен мотор на економскиот раст и развој, денес е време да создадеме услови за инвестиции – а не утре да се прашуваме зошто индустријата продолжила да се намалува,“ велат од Иницијативата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions со партнерство за поблиско поврзување на студентите со бизнис-секторот

Latest from Blog

Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions со партнерство за поблиско поврзување на студентите со бизнис-секторот

Новото партнерство ја зајакнува практичната компонента на студирањето и отвора дополнителни можности студентите уште за време на образованието да стекнуваат професионални навики, искуство и директен контакт со компаниите. Скопје, септември 2026 –

Франција е најголем „извозник“: Од продажба на играчи француските клубови заработија 1,7 милијарди долари

Француските фудбалски клубови заработиле најмногу од продажбата на фудбалери другите лиги во текот на овој летен трансфер период. Според податоците на ФИФА, од 1 јуни до 2 септември француските клубови само од

Николоски: Градежниот сектор со раст од 21,9% во второто тримесечје

Градежниот сектор бележи значителен раст во второто тримесечје од 2026 година, со зголемување од 21,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски,

ГЕРМАНИЈА ВЛЕГУВА ВО ГОЛЕМА ДРОН-ИНДУСТРИЈА ЗА УКРАИНА: Се произведуваат над 5.000 беспилотни летала

Во Германија официјално започна големото производство на повеќе од 5.000 украински беспилотни летала со среден и долг дострел, како дел од германско-украинската одбранбена соработка. Договорот е вреден 300 милиони евра, а производството

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе
Go toTop