ГЕРМАНИЈА ВЛЕГУВА ВО ГОЛЕМА ДРОН-ИНДУСТРИЈА ЗА УКРАИНА: Се произведуваат над 5.000 беспилотни летала

September 4, 2026
1 min read

Во Германија официјално започна големото производство на повеќе од 5.000 украински беспилотни летала со среден и долг дострел, како дел од германско-украинската одбранбена соработка. Договорот е вреден 300 милиони евра, а производството треба да биде реализирано до средината на 2027 година преку заедничката компанија основана од германско-американската одбранбена компанија „Аутерион“ и украинскиот производител на дронови „Ерлоџикс“.

„Аутерион“ ќе биде задолжен за софтверот и за оперативните системи на беспилотните летала, додека, пак, „Ерлоџикс“ ќе ги произведува физичките компоненти. Според извештаите, дроновите ќе користат и системи со вештачка интелигенција за да им се спротивстават на обидите на руската одбрана за електронско попречување.

„Германија сега располага со производствена линија за евтино прецизно оружје во големи количества. Уште оваа година ќе испорачаме испробани и докажани системи – со трошоци и со брзина на производство што навистина овозможуваат создавање големи резерви за одвраќање“, изјави извршниот директор на „Аутерион“, Лоренц Мајер.

Ќе се произведуваат два модела беспилотни летала: еден за дејствување на средни растојанија и друг со дострел до 1.500 километри.

„Ова партнерство го обединува она што ниту една од компаниите не би можела сама да го постигне: нашите проектили докажани во борбени услови, автономниот софтвер на ‘Аутерион’ и индустриските капацитети на Германија“, изјави за „Ханделсблат“ извршниот директор на „Ерлоџикс“, Виталиј Колесниченко.

Во текот на изминатата година Германија стана еден од водечките снабдувачи со помош за Киев, како и еден од главните партнери во растечката украинска индустрија за одбранбена технологија.

Берлин и Киев во мај ја започнаа иницијативата „Храбра Германија“, чијашто цел е развој на одбранбените технологии и поддршка на иновативни стартап-компании. Проектот, поддржан од украинската платформа за одбранбена технологија „Брејв 1“, ќе обезбедува грантови за украински и германски компании што работат во одбранбениот сектор.

Соопштението на „Ерлоџикс“ и „Аутерион“ доаѓа во време кога Украина сè почесто користи беспилотни летала со долг дострел за напади врз руската воена и енергетска инфраструктура длабоко зад линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 28 август изјави дека Украина треба значително да ја зголеми зачестеноста на нападите со беспилотни летала со долг дострел врз Русија, поставувајќи цел дневно да бидат лансирани по 1.000 такви летала.

Со зголемувањето на бројот на дронови што Украина ги испраќа кон Русија, Зеленски на 1 септември изјави дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“.

По предупредувањето на Зеленски, московските аеродроми почнаа да откажуваат летови.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Следно

Николоски: Градежниот сектор со раст од 21,9% во второто тримесечје

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop