И онака немаше да јадете во Нома

2 mins read

Како и многу други што следат главно сајтови за храна, и на мојот фид деновиве е главно тоа што идната година се затвара Нома (види Нома, најдобриот ресторан во светот, затвора). За Рене Реџепи и неговиот прочуен хиперлокален, експериментален ресторан, можете да читате на други места; но и овде нема да биде изоставен фактот дека Нома го редефинираше концептот за тоа што сè може да понуди еден ресторан, како и дека Реџепи веројатно е највлијателниот шеф својата генерација.

Сè тоа стои.

Ама реално: веројатно и онака немаше да јадете во Нома.

Постојат ресторани за кои во главата имам фолдер: „Зошто да се замарам?“ Ова нема врска со потенцијалниот квалитет на храната таму или нивната племенита мисија, а има со други нешта. Нома е врвен „Зошто да се замарам?“ ресторан. Прво, се наоѓа во Копенхаген – а јас не живеам во Копенхаген. Второ, ѓаволски тешко е да се направи резервација; 20.000 илјади луѓе пробуваат да резервираат дневно, а луѓето го следат Твитер профилот на Реџепи само за да влетаат ако некој откаже во последен момент. Секако, тука се и цените. Вечера со вино чини 800 долари, што за чудо и не е премногу во однос на некои ресторани во Њујорк, ама пак е многу. Кога чув дека Реџепи доаѓа во Бруклин лани, 5-те дена беа веќе распродадени, а јас дури и немам Американ Експрес картица за да го платам својот оброк. 

Сето ова укажува на тоа дека само „избраните“ може да јадат во Нома, а тоа искуство бара толку многу труд, што не можам а да не помислам дека е за мене е подобро таа енергија да ја пренасочам некаде другде. Можеби се тешам! Можеби требаше да штедам и да ја искористам секоја можна врска што ја имам, а јадењето таму ќе беше единствено, трансцедентно искуство. Никогаш нема да дознаам. Што не враќа на основната поента – колку луѓе некогаш ќе дознаеја?

Не можам да жалам што затвара Нома, затоа што не постои дел од мене кој чувствува дека му е нешто ускратено. Како што стојат работите денес, човек и не мора да оди во Нома за да ја доживее Нома. Има толку многу ученици излезени од таму – некои и со свои ресторани – што прави Нома да е насекаде околу нас. Во секој ресторан што наведува локални состојки како инспирација за оброците, во секоја готска птица што и денес се служи по рестораните, и во секоја ексклузивна кујна што експериментира со ферментирани сосови. 

Драго ми е што постоеше Нома, па сега можам да уживам во јадењата на стотици готвачи инспирирани од иновациите што ги направи тимот на Реџепи. Исто така, драго ми е што Реџепи сфати дека ресторан кој се потпира на недоволно платени работници е неодржлив „ни финансиски ни емоционално“, како што самиот изјави за Њујорк тајмс. Се надевам дека следниот пак кога ќе постои место што има толкаво влијание на светската кујна, тоа нема да биде пред сè познато заради фанатизмот на еден наводен гениј, или ригидноста на неговата филозофија (која еден дански весник ја опиша како „фашизам во авангардно одело“) туку затоа што оперира според модел кој поддржува некаков вид на реална одржливост, како за вработените – така и за животната средина. 

Ама нема да тагувам затоа што ми бега шансата да јадам крем направен од мозок на ирвас, додека се обидувам да останам тивок и да не го нарушам искуството кое многумина од гостите го сметаа за свето. Вон цената и трудот, Нома отсекогаш изгледаше како да е изградена врз претпоставката за стравопочитта кон ресторанот. Сигурен сум дека било одлично, ама одлични се и многу други работи. Исто така, сепак ќе отвараат одвреме-навреме. 

Џаја Саксина
Eater

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

ПМФЛ: Лидерот Струга се засили со Кривањева

Следно

Ковачевски: Комплимент за Владата е што Мицкоски бара избори во мај

Latest from Blog