И денеска времен сообраќаен режим на улицата „ Александар Урдаревски“

April 8, 2023
1 min read

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населеното место Кучевишка Бара денеска ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Како што информира ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација.

Асфалтирањето се одвиваше вчера, од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока, а денеска ќе биде во истиот временски период, на другата спротивна насока.

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје  апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пукање во Скопје: Три лица се повредени

Следно

ИЗРАЕЛ СЕ РАЗГОРУВА, УБИЕНИ ДВЕ МЛАДИ СЕСТРИ: Нетанјаху нареди мобилизација

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop