И денеска скопјани дишат загаден воздух

1 min read

Засега нема решение на ситуацијата со загадениот воздух во Скопје, каде што со денови граѓаните дишат отровни честички.

Последната статистика на „IQAir“, која беше ажурирана во 12.09 часот, покажува дека главниот град на Македонија се наоѓа на 19-то место на листата со најзагадени градови во светот.

Како и во претходните денови, најприсутни во воздухот се опасните честички PM2,5, а индексот на загаденост на Скопје е 154.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Робот – адвокат ќе брани жив човек на суд

Следно

Мицкоски: Уставните измени не се обединување туку предавство

Latest from Blog