Хотелите во Скопје обезбедија бесплатно сместување за семејствата на загинатите и повредените

March 16, 2025
1 min read

Здружението на хотели од Скопје, обезбедија бесплатно сместување за семејствата и роднините на повредените и почиантите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во клиниките низ државава, се лекуваат 155 лица, а семејствата на повредените се пред болниците каде чекаат нови информации за нивните најблиски.

„Семејствата и блиските на настраданите и повредените лица можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Доколку им се потребни повеќе информации можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, објавија од Здружението на хотели во Скопје.

Претходно министерството за образование и наука соопшти дека ги отвора студентските и ученичките домови за оние кои им треба сместување во Скопје. Може да се сместат востудентскиот дом „Гоце Делчев“ во Општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, студентскиот дом „Пелагонија“ и на ученичкиот дом во рамки на државното училиште за образование и рехабилитација „Димитар Влахов“, двата во Кисела Вода.

Министерот за култура Зоран Љутков изјави дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно.

Исто така и Македонскиот народен театар понуди сместување за роднините и пријателите на починатите во трагедијата во Кочани.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Следно

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop