Хезоња уште пет години во Реал Мадрид

1 min read

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња го продолжи договорот со шпанскиот шампион Реал Мадрид за уште пет сезони, соопшти денеска мадридскиот клуб.

Шпанските весници Марка и Мундо Депортиво пред две недели објавија дека 29-годишниот Хезоња потпишал договор со Барселона, откако наводно не успеал да се договори за продолжување на соработката со Реал, што се покажа дека не е вистина.

„Реал Мадрид и Марио Хезоња постигнаа договор околу продолжувањето на договорот, со што играчот ќе се врзе за клубот во следните пет сезони (до летото 2029 година)“, се наведува во соопштението на мадридскиот клуб.

Хезоња во Кралскиот клуб дојде летото 2022 година од рускиот УНИКС Казан и со Реал освои пет титули. (МИА)

Извор: kurir.mk

Претходно

Македонски планинари го вратија државното знаме на Кораб

Следно

Турција ја затвори границата со Сирија

Latest from Blog