Хектар земја во Војводина чинеше 5.000, сега 120.000 евра

April 22, 2024
1 min read

Хектар од најдоброто земјоделско земјиште во Војводина во 2008 година чинело 5.000 евра, а денес цената е и до 120.000 евра, велат упатени во изјава за евроњуз Србија. Земјоделското земјиште е необновлив ресурс, а експертите нагласуваат дека сериозно се намалува кога станува збор за површините, но истовремено се повеќе се експлоатира и се повеќе се загрозува неговиот квалитет.

Предупредуваат и дека се намалува расположивото и користено земјоделско земјиште.

Едно истражување на Европската унија покажа дека се потребни 1.000 години за еден сантиметар обработливо земјоделско земјиште.

Според првите резултати од пописот на земјоделството во 2023 година објавени од Републичкиот завод за статистика на Србија, расположливо земјоделско земјиште изнесувало 4.073.703 хектари, искористено земјоделско земјиште е 3.257.100 хектари, додека 122.257 хектари се неискористено земјоделско земјиште.

Агроекономистот Милан Простран за Еуроњуз Србија вели дека расположливото земјоделско земјиште е намалено за 1,2 милиони хектари, или 23,81 отсто, за 11 години.

Тој објаснува дека голем дел од тие 1,2 милиони хектари, за кои е намалено расположливото земјиште, во изминатите 11 години се користеле за инфраструктурни објекти, како автопатишта и градежни објекти. Простран смета дека по пописот на земјоделството во 2023 година треба да се направат одредени детални студии за да се види до каде се тие критични точки до крај кога станува збор за српското земјоделство воопшто.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од полноќ поевтин дизел, бензините поскапуваат

Следно

Израелските напади врз Газа продолжуваат 199 ден: Бројот на загинати Палестинци достигна 34.151

Latest from Blog

Конор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ

Комор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ. А првиот чекор е веќе направен. Тој се согласи повторно да се приклучи на програмата за допинг тестирање. Ова значи дека сериозно размислува

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно
Go toTop