Харис до приврзаниците: Мораме да ги прифатиме резултатите од овие избори 

November 7, 2024
1 min read

Демократската кандидатка за претседател на САД, Камала Харис им соопшти на насобраните во кампусот на универзитетот Хауард во Вашингтон дека му честитала на Доналд Трамп за изборната победа и му рекла дека ќе му помогне во транзицијата на власта.

„Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Не му должиме лојалност на претседателот и партијата, туку на американскиот устав“, рече таа. 

Камала Харис го призна поразот, но рече дека не се откажува од борбата за слобода и правда што ја водела во кампањата. Во обраќањето, Харис кажа дека ги прифаќа резулатите од изборите, им се заблагодари на своите соработници, нејзиниот кандидат за потпретседател и волонтерите.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Следно

Албанија забрани увоз на живина, месо и јајца од Македонија и други 17 земји

Latest from Blog

Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови

Претрес во општина Кочани, градоначалникот на слобода! – Тошковски разреши 7 локални полициски началници

Три дена по трагедијата во Кочани, полицијата влезе  во зградата на Општината, при што беа одземени досиеја поврзани со дискотеката „Пулс“, во која загинаа 59 лица, а 196 беа повредени. Но, на

Граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на обезбедувањето што спасувало

Од плоштадот граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на тие кои спасувале луѓе од пожарот Група на граѓани од плоштадот во Кочани се упати пред Судот, каде што го

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип. Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата
Go toTop