Хамилтон кажа кој би сакал да го замени во Мерцедес

May 17, 2024
1 min read

Позицијата во Мерцедес што Луис Хамилтон ќе ја ослободи на крајот од сезоната во Формула 1 е една од најжестоко дебатираните на пазарот на возачи во 2025 година.

Откако беше објавена разделбата на Хамилтон со Мерцедес, имињата на многу возачи се поврзуваат со местото на седумкратниот шампион. Сепак, некои од нив се тргнаа од равенката откако потпишаа нови договори со нивните сегашни тимови.

Ова е случај со Фернандо Алонсо и Алекс Албон, кои ги продолжија договорите со Астон Мартин, односно Вилијамс во последните недели. Така, вистински претенденти за местото покрај Џорџ Расел остануваат двајца – Карлос Саинц, чие место во Ферари ќе го заземе Хамилтон и Андре Кими Антонели.

И пред почетокот на викендот за Големата награда на Емилија-Ромања, Хамилтон зборуваше за медиумите во Имола и го именуваше Антонели за свој претпочитан наследник. Во моментов 17-годишниот Италијанец се натпреварува во Формула 2 и прави приватни тестови со Мерцедес, во кои импресионира со своето темпо.

-Искрено, не знам какви се плановите на Тото (Волф), но да бев јас, би го земал момчето. Да беше моја работа, би се обложил на Андреа Кими Антонели, изјави Британецот.

Во однос на Карлос Саинц, Хамилтон смета дека тој е добар возач и ќе биде голема предност за секој тим.

-Тој ќе биде позитивен адут за тимот што го зема, додаде пилотот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПРАИЗВЕДБА НА „ПАРОВИ“ ОД АНА РИСТОСКА-ТРПЕНОСКА, ВО РЕЖИЈА НА ИВАНА АНГЕЛОВСКА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Следно

ОВА Е СИНОТ НА ИНДИРА РАДИЌ: Поранешниот сопруг го киднапирал, а таа од денот кога го вратила назад се нема одвоено од него – денес има сопруга и дете! (ФОТО)

Latest from Blog

12 години затвор за смртта на Фросина – таткото бесен: Судот е мафија, одбраната ќе поднесе жалба

Васил Јованов е осуден на 12 години затворска казна за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова која поминувала на пешачки на зелен семафор. 20 годишникот бил под дејство на алкохол, без возачка дозвола

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop