Халанд под истрага на англиската полиција

March 29, 2023
1 min read

Англиската полиција потврди денеска дека истражува наводен инцидент, кој го предизвикал фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како норвешкиот репрезентативец користи мобилен телефон додека управува со автомобил, јави „Скај спорт“.

Полицијата наведе дека е запозната со фотографиите на кои се наоѓа голгетерот на Манчестер сити.

Според британските медиуми, Халанд, наводно, на 15 март користел мобилен телефон додека управувал со својот Ролс – Ројс фотографиран во близина на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Премиерлигашот Манчестер сити одби да го коментира случајот.

Халанд (22) поради повреда на препоните ги пропушти двата воведни натпревари на Норвешка во евроквалификациите и беше на медицински третман во Барселона.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН усвои Резолуција со која се бара дефинирање на обврските во борбата против климатските промени

Следно

Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop