Screenshot

Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions со партнерство за поблиско поврзување на студентите со бизнис-секторот

September 4, 2026
2 mins read

Новото партнерство ја зајакнува практичната компонента на студирањето и отвора дополнителни можности студентите уште за време на образованието да стекнуваат професионални навики, искуство и директен контакт со компаниите.

Скопје, септември 2026 – Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions склучија партнерство насочено кон уште посилно поврзување на високото образование со реалните потреби на бизнис-секторот и пазарот на труд.

Соработката произлегува од заедничката определба студентите да не го имаат првиот сериозен контакт со компаниите дури по дипломирањето, туку уште во текот на студирањето да се запознаваат со реалната деловна средина, да развиваат професионални навики и да стекнуваат искуство кое ќе им овозможи полесно да преминат од академската средина кон професионалната кариера.

Преку партнерството се предвидува развој на активности за едукација, практична работа, кариерен развој и непосредно поврзување на студентите со компании и професионалци од различни индустрии. На тој начин дополнително се зајакнува моделот на Хајделберг, во кој практичната подготовка и соработката со бизнис-заедницата се важен дел од образованието.

Дарко Велков, претседател на Бизнис советот на Хајделберг Факултет Скопје и генерален менаџер на Vrabotuvanje.com, нагласува дека на компаниите им се потребни нови генерации кои многу порано ќе бидат подготвени за реалната деловна средина.

„Бизнис-заедницата има потреба од нови генерации кои ќе бидат побрзо и подобро воведени во бизнисот. Потребни ни се млади луѓе кои, покрај образованието, ќе имаат и практично искуство и разбирање за начинот на кој функционираат компаниите. Токму затоа е важно бизнис-секторот активно да се вклучи и заеднички да работиме на подготовката на младите генерации“, истакнува Велков.

Во своето обраќање до родителите, Велков посочува и дека денешниот пазар на труд бара многу повеќе од формално образование – младите треба да стекнат искуство и деловни навики уште пред да ја започнат својата прва професионална работа. Како што нагласува, за успехот на младите е неопходно образованието и бизнис-структурите да функционираат заедно, со цел знаењето стекнато на факултет да има директна примена во реалната економија.

„Нашата цел е студентите да не дипломираат само со академско знаење, туку со искуство, професионални навики и јасна претстава за тоа што компаниите очекуваат од нив. Партнерството со Вработување HR Solutions ни овозможува уште посилно да го поврземе образованието со пазарот на труд и да создадеме дополнителни можности студентите да го започнат својот професионален развој уште додека студираат.“

Партнерството претставува продолжување на пристапот што Хајделберг Факултет Скопје го развива преку германскиот модел на практично ориентирано образование – поврзување на академското знаење со компаниите, практичното искуство и компетенциите што се бараат на современиот пазар на труд.

За Вработување HR Solutions, соработката претставува можност долгогодишното искуство во областа на човечките ресурси, регрутацијата и следењето на потребите на работодавачите да се стави директно во функција на развојот на идните професионалци. Vrabotuvanje.com е активен на македонскиот пазар повеќе од две децении и денес функционира како дел од Alma Career, со искуство во посредување при вработување, HR услуги и поврзување на компании со кандидати.

Со оваа соработка, Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions испраќаат заедничка порака: подготовката за кариера не треба да започне по дипломирањето – таа треба да започне уште за време на студиите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција е најголем „извозник“: Од продажба на играчи француските клубови заработија 1,7 милијарди долари

Latest from Blog

Франција е најголем „извозник“: Од продажба на играчи француските клубови заработија 1,7 милијарди долари

Француските фудбалски клубови заработиле најмногу од продажбата на фудбалери другите лиги во текот на овој летен трансфер период. Според податоците на ФИФА, од 1 јуни до 2 септември француските клубови само од

Николоски: Градежниот сектор со раст од 21,9% во второто тримесечје

Градежниот сектор бележи значителен раст во второто тримесечје од 2026 година, со зголемување од 21,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски,

ГЕРМАНИЈА ВЛЕГУВА ВО ГОЛЕМА ДРОН-ИНДУСТРИЈА ЗА УКРАИНА: Се произведуваат над 5.000 беспилотни летала

Во Германија официјално започна големото производство на повеќе од 5.000 украински беспилотни летала со среден и долг дострел, како дел од германско-украинската одбранбена соработка. Договорот е вреден 300 милиони евра, а производството

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе

Се формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави

Температурите на океаните во тропскиот дел на Тихиот Океан, кои силно влијаат на временските услови ширум светот, сега се невообичаено високи, објави агенцијата на ОН со седиште во Женева. „Пред нашите очи
Go toTop