Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

April 27, 2026
1 min read

[Скопје, 27.04.2026] – Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје официјално ги отвори раните уписи за новата академска година, нудејќи значајни финансиски поволности и уникатен образовен модел кој директно ги поврзува студентите со пазарот на труд.

Во рамки на раните уписи, идните студенти имаат можност за финансиски поволности и да заштедат до 1.200 евра, во зависност од избраниот модел на уплата. За аплицирање и уплата на првата студиска година до крајот на мај е предвидено намалување од 600 евра, додека за уплата на целокупните три години до крајот на септември, намалувањето изнесува 1.200 евра.

Клучната вредност на студирањето на Хајделберг бизнис школаФакултет Скопје е во пристапот што на студентите им овозможува паралелно да стекнуваат академско знаење, практични вештини и реално работно искуство уште за време на студиите.

Факултетот нуди современ германски модел на дуално образование, преку кој наставата се надополнува со практична работа усогласена со потребите на компаниите. Студентите имаат можност да стекнат македонска и германска диплома, да посетуваат настава со професори од Германија и да бидат вклучени во платена пракса како дел од нивниот образовен процес.

Преку партнерството со Provadis University од Франкфурт, Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје им овозможува на студентите меѓународно академско искуство, како и можност за престој и дополнително образование во Германија. Овој модел има за цел да ја зголеми нивната вработливост, практична подготвеност и конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар на труд.

„Нашата цел е студентите да не ја доживуваат дипломата како почетна точка на кариерата, туку како резултат на процес во кој веќе стекнале знаење, искуство и професионални навики. Вредноста на дуалното образование е токму во тоа што младите луѓе се подготвуваат за реални работни предизвици уште додека студираат,“ велат од Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје.

Аплицирањето е веќе отворено, а заинтересираните кандидати можат да добијат повеќе информации нателефонскиот број +389 70 355 656 или на heidelberg.edu.mk.

Понудата важи за ограничен временски период, а интересот е значително зголемен – затоа од факултетот ги охрабруваат идните студенти навреме да го направат првиот чекор.

За Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е современа високообразовна институција која нуди германски модел на дуално образование, насочен кон практични вештини, вработливост и меѓународна конкурентност на студентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид Скопје (ALK), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16% на 10.003,84 поени

Следно

Проданоски и Николоски извршија увид на реконструираниот „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Latest from Blog

Проданоски и Николоски извршија увид на реконструираниот „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена. Со проектот

Алкалоид Скопје (ALK), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16% на 10.003,84 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 10.003,84 поени и забележа раст од 0,16%, односно 16,04 поени,

Николоски: Владата со силна поддршка за развојот на Прилеп

Општина Прилеп работи проектира обиколница на градот, откако ќе ја испроектира, Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во

Видео: Како напаѓачот со неколку парчиња оружје успеал речиси да стигне до Трамп ?

Неименувани извори тврдат дека човекот кој се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на неговата администрација во саботата навечер ги користел внатрешните скалишта на хотелот Хилтон за да
Go toTop