Груби го осуди синоќешното убиство и ги охрабри институциите поскоро да ги откријат сторителите

March 7, 2023
1 min read

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди синоќешното двојно убиство на Кале и ги охрабри институциите интензивно да делуваат за што поскоро да ги откријат сторителите.

Тој вечерва во телевизиско гостување рече дека нема повеќе информации во врска со немилиот настан од оние што се соопштени во јавноста.

Според Груби, иако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на еден од двајцата починати во престрелката со Талат Џафери, никој од функционерите на ДУИ нема никаква врска со убиениот.

-Не ги знам ниту жртвите, не ги познавам, ниту некогаш сум се сретнал со нив. Жалам за тоа што се случи, се слушнав со министерот Спасовски синоќа неколку пати. Навистина е страшно тоа што се случи, апсоултно е неприфатливо и најостро ги осудувам ваквите криминалните дела. Истрагата ќе покаже кој стои зад ова, ги охрабрувам МВР и Јавното обвинителство што е можно поскоро да ги најдат сторителите. Со дрога, дилерство и криминал апсолутно немам допирна точка. Сакам институциите да делуваат, да го истражат случајот што поскоро, истакна Груби во гостувањето на Телевизија 24.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗАБОРАВЕТЕ НА ЈАКНИТЕ – во следните денови температури кои ќе ви го сменат расположението, особено подгответе се за во сабота!

Следно

Артан Груби ем вели дека нема ништо со тендерот за надзорот за „Бехтел и Енка“, ем ги знае сите детали

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop