Грција: Пратениците кои ја напуштија главната опозициска партија формираа нова парламентарна група

December 5, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Единаесет пратеници во грчкиот Парламент, кои минатиот месец ја напуштија главната опозициска партија Сириза, го објавија формирањето нова пратеничка група, пренесува Анадолу.

Лидерот на групата Нова левица, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис, рече дека сакаат „нова, модерна, европска левица, сигурна, борбена, визионерска левица, широка и отворена левица што говори искрено и јасно“, наведува државната новинска агенција АМНА.

Тврдејќи дека грчката политичка сцена преживува голема криза, која се манифестира преку поделбите во нивната поранешна партија Сириза, тој рече дека постои потреба да се изнесе здрав, амбициозен план што ќе даде одговори на главните прашања на денешницата, како што се: климатската криза, социјалната нееднаквост и севкупниот квалитет на демократијата во 21 век.

„Новата левица ќе води голема битка на европските избори во јуни 2024 година со прогресивни идеи што ќе бидат преточени во дела“, нагласи Чарицис.

Пратениците го обвинија лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис, дека партијата ја води „недемократски“.

Меѓу пратениците кои поднесоа оставка во партијата се поранешната министерка за труд Ефи Ахциоглу, поранешната заменик-министерка за надворешни работи Сиа Анагностопулу, поранешниот заменик-министер за труд Насос Илиопулос, поранешниот портпарол на Владата, Димитрис Цанакопулос, една од основачите на партијата Меропи Цуфи, поранешниот заменик- министер за социјална солидарност Теано Фотиу, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис и пратениците Озгур Ферхат и Хусеин Зејбек, кои го претставуваат турското малцинство во Западна Тракија.

Подоцна им се придружи и поранешниот министер за финансии Евклид Цакалотос, додека поранешната членка на централниот комитет на партијата Пети Перка ја напушти партијата пред нив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“

Следно

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Latest from Blog

На Радев му ПРОПАДНА Референдумот за ЕВРОТО

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава

Германија и Израел одбележуваат 60 години од дипломатските односи

Германија и Израел денеска прославуваат 60 години од воспоставувањето дипломатски односи со размена на официјални државни посети, објави Германската новинска агенција (ДПА). Израелскиот претседател Израел Јицак Херцог денеска пристигна во Берлин, додека

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји

Портпаролот Челик: Одлуката на ПКК за распуштање и положување на оружјето, клучен чекор кон „Турција без тероризам“

ИСТАНБУЛ (АА) – Одлуката на терористичката организација ПКК да се распушти и да го положи оружјето е клучен чекор кон „Турција без тероризам“, изјави денес портпаролот на турската владејачка Партија за правда
Go toTop