Грлиќ-Радман во Анкара: Туркије за Хрватска е кандидат за членство и останува клучен партнер на Европската Унија

January 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, денеска во Анкара изјави дека Република Туркије за Хрватска е кандидат за членство и дека останува клучен партнер на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Грлиќ-Радман во рамки на официјалната посета на Анкара, се сретна со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

Шефот на хрватската дипломатија по средбата рече дека имале многу срдечен и конструктивен разговор за билатералните и регионалните прашања, како и за односите на Туркије и Европската Унија.

„Туркије за Хрватска е кандидат за членство во ЕУ и останува клучен партнер на Европската Унија“, рече Грлиќ-Радман.

Тој истакна дека Хрватска никогаш нема да ги штеди напорите за ЕУ да има конструктивен дијалог со Туркије.

Нагласувајќи дека и на денешната средба во Анкара е потврдена заемната подготвеност и желба за дополнително зајакнување на билатералните односи, Грлиќ-Радман рече дека во изминатите 32 години од дипломатските односи меѓу Туркије и Хрватска потпишани се повеќе од 50 договори.

„Исклучително ми е драго што нашите билатерални економски односи имаат нагорна траекторија од година во година. Задоволни сме од постојаниот раст на трговската размена, која во 2022 година за прв пат надмина една милијарда долари. Прелиминарните податоци покажуваат дека тој позитивен тренд продолжува“, рече Грлиќ-Радман.

Поздравувајќи го интересот на турските инвеститори за Хрватска, Грлиќ-Радман ѝ се заблагодари на Република Туркије за поддршката во процесот на интеграција на Хрватска во ОЕЦД, што е единствен преостанат неостварен надворешнополитички приоритет на Хрватска.

Најавувајќи дека утре ќе ја посети турската област Адијаман, која беше погодена од разорните земјотреси во февруари минатата година, Грлиќ-Радман рече дека тоа ќе му биде можност да ги види напорите што Туркије ги вложува во обновата по земјотресот, но и да отвори училиште кое е таму обновено со хрватска донација преку УНИЦЕФ.

Тој понатаму нагласи дека со неговиот турски колега разговарале и за повеќе регионални и глобални теми, за ситуацијата на Блискиот Исток, и додаде дека сакаат да видат мир и безбедност, а не ескалација. Додаде дека разговарале и за војната во Украина и за ситуацијата на Западен Балкан.

„Хрватска и Туркије подеднакво посветуваат голем интерес за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“, рече Грлиќ-Радман и додаде дека разговарале и за продолжување на соработката во рамките на трилатералниот формат Хрватска, Туркије и Босна и Херцеговина.

Тој исто така рече дека Хрватска од почетокот го поддржува територијалниот интегритет, целосноста, суверенитетот и независноста на Босна и Херцеговина, со која Хрватска ја дели најдолгата граница на Западен Балкан.

„Во интерес на Хрватска е да има безбедна, стабилна, институционално функционална држава БиХ, која има два ентитета и каде што сите три народи, бошњачкиот, српскиот и хрватскиот, се рамноправни и имаат еднакви права, вклучително и еднакво право на застапеност на сите нивоа на власта“, рече Грлиќ-Радман.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зимска бајка во Полска: Најголем лавиринт во светот и масивни снежни скулптури

Следно

Победа на Доналд Трамп во Ајова на изборите за претседателски кандидидат од републиканците

Latest from Blog

НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка,

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината. Градоначалникот
Go toTop