Грција ги укинува Ковид мерките

March 14, 2023
1 min read

По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од Ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица.

-Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица, изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“.

Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми

Следно

ПЕСНАТА НА АЦО ШОПОВ СЕ ИЗВИШУВА НАД ГОДИНИТЕ, РЕЧЕ ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПОЕТОТ

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop