Грчките железничари стапија во штрајк по трагичната железничка несреќа

1 min read

АТИНА (АА) – Грчките железничари денес стапија во штрајк по трагичната железничка несреќа која се случи во вторникот во северна Грција, во која загинаа најмалку 42 лица, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

24-часовниот штрајк го свикала Грчката Федерација на железничари (POS), која тврди дека несовесноста на властите довела до трагичната несреќа, објави дневниот весник „Авги“.

„За жал, нашите постојани барања за примање на постојан персонал, подобра обука и пред сè примена на современи безбедносни технологии перманентно се фрлаат во корпа за отпадоци“, се вели во соопштението на Синдикатот.

Синоќа, група од околу 1.000 луѓе се судри со полицијата пред седиштето на железничката компанија „Хеленик“ во Атина.

Тие протестираа поради трагичната железничка несреќа во Темпи.

Бројот на загинати во железничката несреќа се искачи на 42, а најмалку 15 лица се водат за исчезнати. Најмалку 72 повредени патници се хоспитализирани, а 57 од нив сè уште се на лекување во различни болници во околните градови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Дојави за бомби повторно уште рано изутрина пристигнале на адресите на 18 училишта

Следно

Уапсен скопјанец поради дрога

Latest from Blog