Грчевски: Ние сме млада репрезентација пред која е светла иднина

December 3, 2024
1 min read

Македонија претрпе уште еден пораз на ЕП 2024 во Дебрецин, откако нашите ракометарки загубија со 19-29 на дуелот со домаќинот Унгарија.

Нашите ракометарки одиграа одлично прво полувреме во кое во долги периоди имаа и предност, но големиот пад во вториот дел придонесе на крајот мечот да го завршат со двоцифрена негатива.

„Бевме многу добри во првото полувреме, но во вториот дел имавме некои лоши моменти, не бевме доволно сконцентрирани, промашивме многу чисти шанси, сето тоа се одрази на конечниот резултат. Севкупно гледано, мислам дека игравме добро на овој турнир. Ние сме млада репрезентација пред која е светла иднина“, изјави селекторот Кристијан Грчевски по дуелот со Унгарија.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Следно

Јоанис Папапетру го претепал Кендрик Нан кој завршил во болница

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop