Граѓаните во петок на протест пред Град Скопје поради хаосот со јавниот градски превоз

1 min read

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, вчера на социјалните мрежи ги повика скопјани во петок на протест пред канцелариите на Град Скопје поради хаосот со јавниот градски превоз.

„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати автобус и тоа да биде како на лотарија – ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Иницијативата на Курто Дудуш, е споделена и на фејсбук-групата „Ѕид на Кисела Вода“, каде што се повикуваат граѓаните од оваа скопска општина да се приклучат на протестот.

Јавниот градски превоз во Скопје од ден на ден сè повеќе и повеќе пропаѓа, автобуси има сè помалку, расте бројот на возила со дефекти, а возниот ред не се почитува ниту е можно поинаку во услови кога нема доволно автобуси. Приватните превозници и понатаму возат само попладне, поточно кога тие сакаат, незадоволни од цената која им се плаќа за изминат километар. За нив нема одговорност затоа што не ја извршуваат услугата за граѓаните договорена со Град Скопје, а од Градот молчат и не објаснуваат зошто ништо не преземаат.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Вработените од „ЈП Улици и патишта – Скопје“ најавуваат штрајк

Следно

Голем пожар изби во куќа во Желино, загина 90-годишен маж

Latest from Blog