Граѓаните ќе го блокира патот до Скопје- за да не стигнат Бугарите до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

1 min read

Народот се самоорганизира да спречи пристап на Бугари и организирани бугарски групи до гробот на Гоце Делчев. Иницијативата за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев се шири низ цела Македонија.

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

На социјалните мрежи пак, е објавен повик граѓаните тој ден да ја блокираат патарината Куманово- Скопје со цел нивно спречување.

-Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, стои во објавата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

САД загрижени поради влошената безбедносна ситуација на Блиски Исток

Следно

Граѓаните ќе го блокираат патот до Скопје- за да не стигнат Бугарите до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Latest from Blog