Градскиот воз во Скопје ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка

October 24, 2025
1 min read

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека првата линија на новиот градски воз ќе биде готова за шест месеци и ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка во Скопје.

„Веќе почнавме со изградба на градски воз. Идејата е едноставна – да ги следиме примерите на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура и ќе ја користиме за градски сообраќај“, изјави Николоски во гостувањето на радио Лидер.

Новата градска железница ќе има три линии кои го поврзуваат целиот град. Првата линија ќе оди од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, до Новата Железничка. Втората линија ќе се движи од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден и Петровец, а третата линија ќе води кон Ѓорче Петров.

 

Николоски посочи дека целта е првата делница да биде готова во инфраструктурна состојба, за да може да се користи интензивно и често, со што жителите на Скопје ќе добијат современо и ефикасно решение за градски сообраќај.

„Очекувам веќе следното лето да функционира првата линија од Зелениково до Нова Железничка“, додаде Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Силно невреме со град го зафати Јадранот- изгледа како да паднал снег (ВИДЕО)

Следно

Поразот во Скопје ја стресе Бихаќка: Галетановски прв поднесе оставка

Latest from Blog

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бидат вистинско освежување за есенските аутфити. Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика. Истото важи и оваа

Ѓорѓиевски: Урбанистички експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24. Ѓорѓиевски истакна дека за време на неговиот мандат како градоначалник на општина

Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Идризово и Стајковци порача дека очекува историска победа во вториот изборен круг. Тој се заблагодари на жителите од овие населени места за,

Викторија Бекам била малтретирана од децата во училиште, тоа продолжило и на факултет

Појавувајќи се во подкастот „ Call Her Daddy “ на Алекс Купер на 22 октомври, 51-годишната Бекам отворено зборувала за емоционалната и физичката злоупотреба што ја доживеала како дете и тинејџерка. „Се

Пешачел 100 километри во чест на 6- годишниот син, кој починал од рак- носи ранец, тежок колку детето (ВИДЕО)

Сери Менаи-Дејвис пешачеше повеќе од 100 километри за да ја повика британската влада да воведе закон што ќе им помогне на родителите во најтешките моменти од животот, пишува LADbible. Прошетка од 100
Go toTop