„Градски Паркинг“ ќе обезбеди нови 1.350 паркинг места и ќе гради монтажни паркиралишта

January 23, 2023
1 min read

Денес заедно со директорот на ЈП „Градски Паркинг“, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска изврши увид во работата на претпријатието кое за минатата година бележи значителен финансиски успех, бројни проекти и активности кон обезбедување самоодржливост на претпријатието.

– Според финансиските извештаи на претпријатието, истото има забележано значителни резултати со речиси двојно зголемување на приходите во четвртиот квартал од 2022 година, споредбено со годината претходно. ЈП „Градски Паркинг“ во изминатата година како реализација на мерките од програмата За модерно Скопје, ги намали цените за паркинг услугите на зонските паркиралишта во градот за 25 отсто, а едновремено го консолидираше финансиското работење и ги зголеми платите на вработените. Фокусот останува подобрена безбедност во сообраќајот преку отстранување на возила кои ги блокираат пешачките и велосипедски патеки, како и грижа за животната средина, со превенција на паркирање врз зелени површини, се вели во соопштението на Град Скопје.

За оваа година, ЈП „Градски Паркинг“ планира да обезбеди 1,350 нови паркинг места, како и да започне со проект за изградба на монтажни паркиралишта.

– Започнуваме со имплементација на проектот за целосна дигитализација на паркиралиштата, кој е во пилот фаза. Активно се чистат, реконструираат и обележуваат сите паркиралишта во градот Скопје, а со акцијата за редовно одржување на инфраструктурата и капацитетите на ЈП „Градски паркинг“ продолжуваме во континуитет, соопштија од градот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

12-годишник падна од стан во Скопје

Следно

СТАРАТА ЖЕНА ВО СТРУМИЦА БИЛА УБИЕНА – полицијата трага по сторителот, еве на каков начин го извршил делото! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop