Градот тоне во отпад, Ѓорѓиевски најавува итна акција за спас на Скопје

October 22, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави голема акција за расчистување на главниот град, поради, како што рече, целосната нефункционалност на ЈП „Комунална хигиена“.

„Скопје веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Нашите сограѓани редовно ги плаќаат сметките, но не ја добиваат услугата за која плаќаат. Оваа состојба мора да престане“, изјави Ѓорѓиевски.

Денеска, на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на ЗЕЛС се одржал состанок со сите скопски градоначалници, со цел да се најдат решенија за проблемите со управувањето со отпадот.

„Во изминатите денови, сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании, се обидуваме да го амортизираме хаосот што го зафати градот. Денес разговараме не само за тоа како да делуваме во наредните неколку дена, туку и како трајно да го решиме проблемот со хигиената во Скопје“, додаде Ѓорѓиевски.

Тој апелираше и до раководството на депонијата „Дрисла“ да не врши опструкции при влезот на механизацијата која ќе биде насочена кон транспортирање на отпадот од улиците.

„Ако има потреба, ќе побараме поддршка и од нашите колеги од другите градови. Целта ни е заеднички да го спасиме Скопје од оваа агонија. Во првите 72 часа по преземањето на функцијата градоначалник, ќе го исчистиме Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ седнаа и се договорија, тие веќе имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

Latest from Blog

Монитор на малцинствата при Федералната унија на европски националности: Помеѓу законот и реалноста – Борбата на Македонското малцинство во Албанија

Најновиот придонес во Монитор на малцинствата се фокусира на состојбата на Македонското национално малцинство во Албанија и долгогодишните напори на ФУЕН за обезбедување заштита на нивните права. Статијата се потпира на шест

Тирамису од манго и маракуја

Ова е највкусните тирамису што ќе го пробате. Потребни состојки: За да ги натопите бомбоните: 100 г пире од манго 50 г пире од маракуја 50 г вода 20 г шеќер Истурете

Дојче Веле: Каде е Али Ахмети?

И три дена по исходот од првиот круг на локалните избори, Али Ахмети претседател на ДУИ – партијата предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ) сѐ уште се нема појавено во јавноста.

Меџити: Благодарност до жителите на Топана за соработката и трпението

Избраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е успешно завршена реконструкцијата на улицата „Банатска“ во населбата Топана – проект што значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите од
Go toTop