Градот Скопје денеска ќе распише нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз

1 min read

Денеска ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдија за МИА од Град Скопје.

Дел од приватните превозници на 1 март по средбата со градоначалничката Данела Арсовска објавија дека е постигнат договор и оти ќе се пријават на повикот.

-Постигнат е договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици. На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат, изјави превозникот Јовица Зафировски по средбата.

Приватните превозници, кои имаат ново координативно тело за преговори, се надеваат дека ќе се вратат во сообраќај до 20-ти овој месец. По ова од Град Скопје испратија соопштение во кое најавија дека ќе објават нов јавен повик за линии за приватните превозници.

-Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина, се вели во соопштението од Град Скопје објавено на 1 март и кое може да се најде и на нивната веб-страница.

Во соопштението Град Скопје посочува дека нема никаков долг кон превозниците, и оти договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. -Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз, се вели во соопштението.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме, продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Времето денеска: Променливо облачно со температура до 17 степени

Следно

Азиските берзи пораснаа, доларот ослабе

Latest from Blog

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека