Градоначалникот Стојкоски меѓу сограѓаните го одбележа празникот Свети Атанасиј

January 31, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски по повод денешниот празник Св.Атанасиј, кој се празнува на повеќе места во нашата општина, ги посети сограѓаните од населените места с. Ново Село и с. Волково.

– Во с. Ново Село во просториите на месната заедница секоја година традиционално се служи ручек во знак на одбележување на празникот Св.Атанасиј и населението од овој дел на општината со веселба и македонска традиционална музика ја продолжува традицијата. Ја посетив и црквата Св.Атанасиј во с.Волково каде заедно со нашите сограѓани го честитавме празникот и поразговаравме во насока на тоа дека треба сите заеднички да се трудиме да ја одржима жива традицијата и да ги негуваме традиционалните и семејните вредности, кои се темелот на општеството и на нас Македонците како народ кој живее на територијата на Ѓорче Петров, рече Стојкоски честитајќи го денешниот празник. 

– На овие денови можеме да увидиме од колкаво значење е одбележувањето на овие празници и колку нашите сограѓани се полни со елан и позитивна енергија, се со цел достојно да се прослави празникот Св. Атанасиј кој од година во година се помасовно се чествува во нашата општина, порача градоначалникот. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Транспаренси интернешнал“: Западниот Балкан бавен во борбата против организираниот криминал

Следно

Чавушоглу: Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop