Градоначалникот на Илинден изрази жалење за трагичниот настан, девојчето починало од струен удар на жиците на вагонот

February 26, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изрази сочувство за трагичната несреќа во која ноќеска загина девојче во близина на железничката станица. Тој во изјава за ТВ 24 вели дека според неговите сознанија дошло до струен удар на вагоните каде децата биле качени.

„Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче. Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете“ вели Георгиевски.

Вчера ЦУК информираше дека во 21.05 часот од Македонски железници бил пријавен пожар на вагон-цистерна на железничката станица „Илинден“ , како и дека едно лице загинало од струен удар од електричните жици на вагоните.

„Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна,“ изјави за „Фокус“ командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Според првичните информации од пријавата во МВР, вагон-цистерната била опожарена од малолетници кои несреќата му кажале на возрасен човек, кој ја информирал полицијата.

По завршување на увидот се очекува да се утврдат точните причини за смртта на девојчето и за настанувањето на пожарот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макпетрол: Вечерашниот настан во Илинден нема никаква поврзаност со компанијата

Следно

Рамос повторно ќе игра со Роналдо?

Latest from Blog

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,
Go toTop