Ѓорѓиевски: Сериозно треба да работиме на базичниот проблем во однос на загадувањето – загревањето на домаќинствата

December 1, 2025
1 min read

Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен пробленм во однос на загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. И тука веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во однос на гасните централи што планираме да ги правиме во главниот град, изјави вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој гостуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Тој се осврна на досега сработеното и на плановите за во иднина. Ѓорѓиевски зборуваше за системот „Безбеден град“, загадувањето, вработените во јавните претпријатија.

– Не сум убеден дека многу често гледаат полни контејнери. Јас нема да бидам најискрен, ако кажам дека не се случуваат и пропусти, тоа е жива материја и знаат да се случат и пропусти. Но, дека делуваме многу подобро за разлика од појдовната точка и основа што ја имав првиот ден кога влегов во Градот Скопје со 16 функционални машини – наспроти околу 50 што се функционални сега, денес – има разлика сериозна, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека во план е инвестиција во нови комунални машини.

– Тоа што го направивме изминатиот период е заедно во координација со претседателот на Владата, министерот за транспорт и врски, веќе започнавме постапка преку Светска банка за да обезбедиме повеќе од 20 комунални нови машини што ќе бидат за потребите на „Комунална хигиена“. Тоа подразбира нова механизација, дел од старата механизација за која се одлеваат сериозни средства за амортизација и поправка да ја тргнеме настрана и настапиме со нови камиони. Во Буџетот за наредната година ќе бидат предвидени одредени средства дополнително како Град Скопје и „Комунална хигиена“, да инвестираме во нови машини, и механизација, ќе го направиме тоа, посочи градоначалникот.

Зборувајќи за вработените во јавните претпријатија, Ѓорѓиевски рече дека смета оти во „ЈСП – Скопје“ има многу договорци, чиј статус треба да се реши.

– Многу договорци има во „ЈСП – Скопје“. Но, тоа се шофери кои дефакто мора да останат да си ја вршат работата. Потребни се и дефицитарна е таа работа и ќе дадам се од себе да барем дел од нив, наредната година се потрудам заедно со новоназначениот директор да го решиме статусот на тие луѓе. Затоа што таму има луѓе коишто по 12,13 години се договорци на дело и треба да им се реши трајно вработувањето, смета Ѓорѓиевски.

Тој најави иревизија на работењето во Град Скопје, посочувајќи дека веќе им се одземени надлежностите на 23 раководители на сектори во институцијата со која раководи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Џеко може да биде казнет поради пресметка со навивачите

Следно

Сега е познато, еве што значат броевите на вентилот на вашиот радијатор

Latest from Blog

Резултатите од магнетната резонанца на Трамп се објавени

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде почестите на поранешниот принц Ендру

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде преостанатите кралски почести на својот брат, поранешниот принц Ендру, со што го заврши процесот на отстранување на неговото име од најпрестижните британски ордени. Одлуката е објавена
Go toTop