Резултатите од магнетната резонанца на Трамп се објавени

December 1, 2025
1 min read

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во понеделник.


Ливит рече дека скенирањето е направено за „рано откривање на сите потенцијални проблеми, потврдување на целокупното здравје на претседателот и обезбедување на долгорочна виталност и функционалност на претседателот“.

Кардиоваскуларните и абдоминалните скенирања на Трамп биле „совршено нормални“, рече таа.


Трамп: „Апсолутно“ ќе ги објавам резултатите од МРИ

Зборувајќи со новинарите во неделата на „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека ќе ги објави резултатите од МРИ – и призна дека не знае кој дел од неговото тело е скениран, објави ABC News.


Запрашан за барањата на демократите да ги објави резултатите од скенирањето на Волтер Рид, Трамп рече:

„Ако сакате да го објавам, апсолутно ќе го објавам“.

Кога го прашале што конкретно гледала магнетната резонанца, тој одговорил:

„Немам поим. Беше само магнетна резонанца. Кој дел од телото? Не беше мозокот. Бидејќи направив когнитивен тест и го промашив.“


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сега е познато, еве што значат броевите на вентилот на вашиот радијатор

Следно

Рајо и Валенсија ги поделија бодовите

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop