Ѓорѓиевски од Карпош: Градот мора да се гради со ум, не со партиски интереси

October 9, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа од Карпош ја претстави својата визија за иднината на главниот град, најавувајќи низа проекти насочени кон зелена трансформација, современа инфраструктура и подобар квалитет на живот за граѓаните.

„Ми претставува особена чест што сум вечерва во Карпош, општината која отсекогаш била симбол на урбаниот дух, на прогресивната мисла и на граѓанската свест во Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека иднината на градот мора да се темели на стратегија, а не на импровизација.

Еден од клучните проекти што ги најави е „Мега парк – Лепенец“, на простор од над 300.000 квадратни метри зеленило со патеки, рекреативни содржини и простор за целото семејство. „Ова нема да биде парк само за Карпош, туку првиот мега парк кој ќе поврзува повеќе општини и ќе стане новиот зелен центар на градот,“ рече тој.

 

 

Во рамки на програмата „Визија за Скопје25/45“, Ѓорѓиевски најави и проект наречен „Скопски зелен архипелаг“, кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите скопски населби. Тој вети и целосна ревитализација на Градскиот парк и Паркот на природата Гази Баба, претворање на депонијата Вардариште во парк и создавање градска шума во Расадник.

Вториот приоритет, како што истакна, е модерна и паметна инфраструктура. Меѓу главните проекти ги издвојува доизградбата на булеварот „Љубљанска“, што ќе овозможи растоварување на сообраќајот на „Партизански одреди“ и „Илинденска“, како и реконструкцијата на улицата „Загребска“, која води до детската болница „Козле“.

„Клучката ‘Момин поток’ мора да се заврши. Нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаос во целиот северозападен дел на градот,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Тој порача дека визијата за модерно, европско и зелено Скопје не може да ја оствари еден човек или една партија, туку бара обединување на сите што го сакаат градот.

„Мојата рака е подадена кон секого – кон секој граѓанин, експерт, активист. Да создадеме широк фронт за модерно, европско и зелено Скопје,“ повика Ѓорѓиевски, додавајќи дека изборот што претстои е избор на разумот, на планот, на работата и на заедништвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вагата да ја штеди силата, емоциите ќе ги проголтаат Рибите

Следно

Солзи радосници и неверување: Како реагираа Газа и Израел на веста за договорот за прекин на огнот

Latest from Blog

Општина Битола: Стадионот „Петар Милошевски“ повторно со голем фудбалски настан

По само еден месец, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола повторно ќе биде домаќин на значаен фудбалски натпревар. Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре, на 10 октомври 2025 година, ќе ја пречека

МФ: Измените на Законот за ДДВ ќе донесат повеќе средства за локалните компании

9 октомври 2025 година, Скопје- Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со

Обвинителството откри детали: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Со предистражните дејствија кои
Go toTop