Ѓорѓиевски: Јас како градоначалник сум прв за ограничување на моќта на градоначалниците!

1 min read

Многупати во минатото се носеле законски решенија кои биле добри, но на краток рок, но нам ни требаат добри долгорочни и квалитетни решенија. Измените во законот на локалната самоуправа на кои во моментот се работи во ЗЕЛС во координација со Владата и ресорните министерства, треба да донесат токму такви измени. Меѓу нив, можеби и најважното, ограничувањето на моќта на градоначалниците и можноста за нивно разрешување пред истекот на мандатот доколку не си ја работат работата за која се избрани. Зад ова барање во целост застанувам иако и самиот сум градоначалник, истакна во гостувањето на Дневникот на МРТВ, Претедателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-И јас сум градоначалник, но сум прв поборник кој вели-да, време е неограничената моќ на градоначалниците да се одземе на начин што ќе има интервенција. Тоа може да биде и преку референдум или на друг начин, но секако дека во тој четиригодишен мандат, како граѓанин ќе имате можност за интервенција во нечија промена. Во моментот имаме случај со градот Скопје. Ние практично, со постоечките законски регулативи не можеме да реагираме на неработењето, на основните работи на извршување на градоначалничката Арсовска. И вие треба практично сите граѓани да ги држите во заложништво од само еден човек. Со вакви измени на законот ние поаѓаме од самите себеси. Таа неограничена моќ ќе биде намалена. Без разлзика што сме на само една година од локалните избори, јас сум поборник за истото. Впрочем, од ЗЕЛС потекна цела иницијатива, за одземање на ингеренциите од страна на градоначалничката Арсовска. Ова треба да го знае и секој нареден градоначалник кога ќе го добие мандатот. Ќе знае дека како што ја добил поддршката од граѓаните, доколку ја изневери, би можело да се покрене иницијатива истиот да има одговорност за тоа, изјави Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Затвореник е лицето кое вечерва пукало во Чаир, повредениот е од групата Грчец

Следно

Ердоган: „Ќе ја продолжиме соработка со земјите од балканската географија“

Latest from Blog