Гордана Силјановска-Давкова кандидатка за претседателка на државата од ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Со 444 гласа од 454 присутни делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и официјално е потврдена кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата на претстојните претседателските избори.  Силјановска-Давкова посочи дека време е за јасни ставови и стаменост, приоритет да биде владеење на правото, човековите слободи, градење пазарна економија..

На конвенцијата насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”, Силјановска Давкова имаше обраќање и пред тајното изјаснување на делегатите. Нагласувајќи дека државава влегува во групата на најкорумпираните држави.

Свое обраќање имаше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој побара 61 пратеник.. Најави победа и на претстојните парламентарни избори и на присутните им порача дека променета со себе носела и одговорност.

На конвенцијата во Филхармонија подршка на Силјановска Давкова дадода и Јане Ченто и Горан Ангелов, двајцата осудени за 27 април. Подршка на социјалните мрежи за Силјановска стаса и од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Три минимални плати за да се преживее месецот

Следно

Хорор-повреда во Ла Лига: Со отворен ѓон го удри во глава својот соиграч (ВИДЕО)

Latest from Blog