Ѓорчев за ТВ 24: Македонија требаше да ги гледа своите национални интереси

1 min read

Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев во емисијата 24 анализа рече дека треба добро да се анализира Договорот од Преспа. Техничките одредби завршија во февруари годинава и во делот на меѓународна употреба на името Северна, беше задолжителна промена на документите.

 – Во однос на политичките преодни одредби, употреба на документи за внатрешна употреба, точно е наведено дека преодните одредби важат од денот на отварањето на првиот кластер во преговорите со ЕУ и треба да поминат пет години да се даде замени употребата на поимот Македонија и придавката македонски. Таа пренагласена употреба на поимот Северна во изминатите години не беше потребна. Грција не ратификуваше ниту еден од меморандумите од Преспанскиот договор како треба да се однесува Македонија. Македонија требаше да ги гледа своите национални интереси да го чуваме тоа што ни е дадено со Договорот. – рече Ѓорчев.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Косовската претседателка не е консултирана и не се согласува со писмото на Владата до СЕ во врска со ЗСО

Следно

ДА СЕ ВИДИМЕ ЗА 10-15 ГОДИНИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА Е ОТСУТЕН ПОРАДИ СМРТ, РЕЧЕ МАСИН НА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА КОЈА ГО ПРЕПОЛНИ ДАУТ ПАШИН АМАМ

Latest from Blog