Ѓорчев: Цел јануари не се одржа ниту една седница во Собранието, тоа значи дека немаат мнозинство

February 15, 2023
1 min read

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за владата на СДС за која потенцираше дека тие немаат конкретна агенда како овој народ и ова општество ќе живеат.

-Владата е една крпеница, е една лепена, но скршена ваза која не може да функционира. Еве хипотетички да кажеме дека ќе траат уште една година, иако мислам дека е тоа под прашалник, но еве и да биде тој мандат уште година дена, тие немаат нарација, немаат прикаска, немаат наратив, немаат некоја конкретна агенда со која овие луѓе, овој народ и ова општество ќе живеат, рече Ѓорчев.

Пратеникот во текот на своето гостување се осврна и на работата во Собранието каде истакна дека оваа владејачко мнозинство цел јануари не одржа ниту една седница во Собранието што значи дека немаат мнозинство.

-Цел јануари немаше ниту една седница одржана во Собранието, тоа значи дека немаа мнозинство. Сум бил дел од мнозинство и кога сме биле 65-66-67 пратеници што било тесно мнозинство, а сега тие велат 64 се супер. Сум бил дел од мнозинство кое имало и 81-82 пратеника, значи ВМРО-ДПМНЕ со 62 пратеника со други коалициони партнери, и тоа тешко функционирало и тогаш сме држеле седници секој ден, кажа тој.

Пратеникот порача дека некој ништо не работи во Владата, ниту пак се труди за нешто.

-Сега нити некој нешто работи во Владата, ниту некој нешто посебно се труди, ниту има некоја приказна, ниту има некоја агенда, вели Ѓорчев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тлото не мирува – 50 земјотреси во Романија

Следно

Србија го одбележува Денот на државноста

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop