Ѓорческа остана без полуфинале во Трнава

May 10, 2024
1 min read

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучерсот во Трнава, откако денеска загуби во четвртфиналето од осмата носителка Вероника Ерјавец од Словенија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 90 минути игра.

Во првиот сет Ерјавец поведе со 2:0 во гемови, а македонската тенисерка успеваше да израмни на 2:2 и 3:3, по што следуваше серија од три гемови за Словенката која го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет, Ѓорческа имаше одличен почеток и водство од 3:0 во гемови, но потоа следуваше период на проблеми со сервисот и во следните два гема кога сервираше направи четири двојни сервис грешки. Тоа ѝ овозможи на Ерјавец да израмни на 3:3, а потоа и да поведе со 4:3. Ѓорческа го освои следниот гем, но Ерјавец врза два гема во серија и го доби вториот сет со 6:4.

Во мечот Ѓорческа имаше четири брејка од седум можности, а противничката седум од девет.

За пласманот во четвртфиналето на овој турнир Ѓорческа освои 16 ВТА поени.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат

Следно

БЕВ ПОЛУПИЈАНА, УСТАТА МИ СЕ ИСУШИ, МИСЛЕВ ЌЕ УМРАМ: Марија Шерифовиќ откри детали непознати за јавноста пред настапот на Евровизија (ВИДЕО)

Latest from Blog

ТРАМП НЕ Е САМО ПРОБЛЕМ НА САД, ТУКУ Е СВЕТСКИ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ РОБЕРТ ДЕ НИРО ПРИМАЈЌИ ЈА ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН

Американската филмска легенда Роберт де Ниро го нарече претседателот Доналд Трамп „непријател на уметноста“ и „филинстински претседател“ на синоќешното свечено отворање на Канскиот филмски фестивал. Де Ниро (81) е годинашен добитник на

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на Крит

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистрирана близу грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесе „Катимерини“. Според грчкиот весник, нема извештаи за

Трамп ќе се сретне со сирискиот лидер по најавата за укинување на санкциите

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател
Go toTop