„Големата ноќ“ на Батухан Ибрахим на копродукцискиот форум When East Meets West

January 31, 2023
1 min read

После неколку активни сесии во изминативе пет месеци, со искусни и докажани ментори од филмската уметност, креативниот тим на краткиот филм во развој „Големата ноќ“ составен од режисерот Батухан Ибрахим, сценаристот Никола Кузелов и продуцентот Илија Тирицовски, успешно ја заврши етаблираната програма за развој на кратки играни филмови MIDPOINT Shorts на MIDPOINT Institute од Прага, Република Чешка.

Во периодот од 21 до 25 јануари, како дел од завршните активности во програмата, тимот учествуваше на 13-тото издание на големата копродукциска платформа When East Meets West во Трст, Италија, каде го претстави филмот пред потенцијални копродуценти, дистрибутери и селектори на големите европски филмски фестивали. Филмот е приказна за две тинејџерки кои во една вечер поминуваат низ институционална авантура, соочувајќи се со културните разлики меѓу Балканот и Западна Европа. „Изминативе неколку месеци заедно со менторите од MIDPOINT програмата поминавме низ одличен процес на развој на сценариото на филмот и подготовка на проектот за соодветна презентација пред потенцијални партнери и соработници. На When East Meets West во Трст имавме одлична презентација пред стручната публика и добивме позитивни реакции од сите присутни, посебно околу визијата за филмот на Батухан Ибрахим, како млад филмски режисер со неколку успешни студентски и независни филмови зад себе. Имавме и охрабрувачки состаноци со заинтересирани партнери и селектори на фестивали, што дефинитивно ни ветува светла иднина за филмот, кога ќе биде готов“, вели продуцентот Тирицовски.

MIDPOINT Shorts е комплексна програма посветена на развој на сценарија на кратки филмови во Европа, со конекции од витално значење за филмската индустрија. Со помош на искусни и докажани ментори за сценарио и професионален развој на проекти, програмата ги води проектите на нивниот пат до големите филмски фестивали. When East Meets West e еден од најголемите копродукциски филмски форуми во Европа, кој обединува десетина програми низ кои поминуваат повеќе од 50 филмови од светот кои се во развој и подготовка и во 4 работни дена во Трст собира повеќе од 600 професионалци од филмската индустрија ширум светот. Голем дел од успешните филмски приказни во изминатава деценија тргнале токму од таму.

Филмот „Големата ноќ“ е во продукција на ОХО продукција и е поддржан од Агенција за филм на Македонија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гатузо: Со Валенсија достојно се разделивме

Следно

Зеленски бара забрана на руски спортисти на Олимпијада

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop