Голем број загинати во израелските напади на Појасот Газа во текот на ноќта

December 3, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Голем број луѓе загинаа и се ранети во нападите што Израел ги изведе од воздух, копно и од море во текот на ноќта врз блокираниот Појас Газа, пренесува Анадолу.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелската војска го бомбардирала бегалскиот камп Ал Бурајџ, во централниот дел на Појасот Газа, убивајќи 9 лица, воглавно деца и жени.

Во нападот на израелската војска врза домот на семејството Азум во градто Рафа во Појасот Газа убиени се 9 цивили, а неколкумина се ранети.

Некои станари на урнатите куќи сѐ уште се под урнатините.

Голем број луѓе загинаа или се ранети во нападите што израелските артилериски единици ги изведоа врз станбените населби во градот Деир ел Белах, во централниот дел на Појасот Газа.

Во нападите на бегалскиот камп Нусејрат и населбата Ад Дурџ исто така, имаше загинати.

Израелските сили го бомбардираа градот Хан Јунис и нападнаа голем број куќи во тоа подрачје.

– Израелската војска продолжи со бомбардирање на Појасот Газа

Израелската војска на 1-ви декември (петок) продолжи со интензивни напади низ Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза.

По неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври, Израел возврати со немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници.

Оттогаш се убиени повеќе од 15.207 Палестинци, од кои 70% се деца и жени, а ранети се 40.650 лица.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Парите јавни, трошоците полутајни – партиите немаат обврска за евиденција како точно ги трошат буџетските средства

Следно

Лицата co попреченост ќе се вработуваат без оглас во Министерството за одбрана, најави Петровска

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop