Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

May 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Светските лидери на социјалните мрежи му честитаа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за реизборот на оваа функција, јавува Анадолу.

„Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата заедничка работа и да се подготвиме за Самитот на НАТО во јули“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Победата, во заедничка изјава, ја честитаа и високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, и комесарот за проширување и соседство на Европската Унија, Оливер Вархеји.

„ЕУ има стратегиски интерес за продолжување на соработката и заемно корисни односи со Туркије и целиот нејзин народ, во стабилна и безбедна средина во источниот Медитеран“, се вели во честитката.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот Мохамед Штајех им честитаа на турскиот претседател и на народот на Туркије за „изборната победа“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во честитка го опиша Ердоган како „еден од ретките светски лидери чија политика е закотвена во јавната служба“.

Либискиот премиер Абдул Хамид Дбеибех рече дека победата на Ердоган покажува враќање на довербата на народот во неговите успешни проекти и политики.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, исто така, му честиташе на Ердоган за победата, наведувајќи дека заедно нивните две земји можат „да направат повеќе за глобалниот раст и стабилност“.

Холандскиот премиер Марк Руте му честиташе на турскиот претседател, велејќи дека му го посакува на Ердоган „секој успех во годините што следуваат“.

„Се радувам на продолжувањето на зајакнувањето на холандско-турските односи и да работиме заедно како пријатели и сојузници“, напиша тој на Твитер.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, му честиташе на Ердоган, велејќи дека „заедничката безбедност е иден приоритет“.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го прослави реизборот на турскиот претседател, посакувајќи му „добар мандат“.

Емирот на Катар шеик Тамим бин Хамад Ал Тани на Твитер напиша:

„Драг мој брат, ти ја честитам победата и ти посакувам успех во новиот мандат и во него да го постигнеш она кон што братскиот турски народ се стреми за напредок и просперитет.“

Унгарската претседателка Каталин Новак, исто така, му честиташе на Ердоган, велејќи дека со нетрпение очекува да работи на зајакнување на нивното билатерално партнерство.

„Стабилноста на Туркије е клучна за Европа и може да игра важна улога во постигнувањето мир во Украина“, додаде таа на Твитер.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, исто така, му честиташе на Ердоган за неговата победа во вториот круг од претседателските избори во неделата.

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили му честиташе на својот „голем пријател“ Ердоган „за неговиот убедлив реизбор за лидер на Туркије“.

„Сакаме дополнително да ги зајакнеме врските на пријателството и стратегиското партнерство“, напиша тој на Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Победи Туркије, победи нашата демократија“

Следно

Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

Latest from Blog

Приведени двајца турски државјани сред Скопје, кај нив пронајдени куршуми

Денеска (01.06.2025) во 16.20  часот на бул. “Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода двајца турски државјани. Кај О.Ф.Т.(23) е пронајдена марихуана,

ЛДП утре повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Ќе стане ли Македонија една изборна единица? Предлог законот ЛДП утре ќе го поднесе во Собранието. Ова е трет пат како партијата предлага една изборна единица, откако истата беше одбиена во претходните

Пјастри ја освои петтата победа во Формула 1 оваа сезона, двоен успех за Мекларен на Големата награда на Шпанија

Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Шпанија во Формула 1, деветта од 24 трки во сезоната. Тој започна трката од пол-позиција и извозе совршена трка, завршувајќи пред

Властите предупредуваат дека Палестинците во Газа се соочуваат со невидена криза за вода

ИСТАНБУЛ (АА) – Градот Газа се соочува со невидена криза за вода, бидејќи резервите паднаа под 25% од минималните потреби, предупредија денес локалните власти, јавува Анадолу. Општина Газа соопшти дека 75% од

Базилика од римско време во струшко Радолишта, 91-годишен професор постојано доаѓа тука – имало цел град под површината

Ова е базиликата во селото Радолишта, Струга. Во 1955 година била во подобра состојба, но денес е на милост и немилост на времето, без институционална грижа и под единствена грижа на локалните
Go toTop