Ѓоковиќ нема сериозна повреда по бизарниот инцидент

May 11, 2024
1 min read

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.

По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

– Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонските одбојкари подобри од Романија во пријателски натпревар

Следно

Се празнуваат Св. апостоли Јасон и Сосипатар

Latest from Blog

Неколку кандидати за тренер на Новак Ѓоковиќ

Пред Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ бара нов тренер, а постои листа на очигледни кандидати за тоа место. Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повлече (не)очекуван потег пред Ролан Гарос – одлучи

Кина почна со приспособување на царините за увозот од САД

АНКАРА (АА) – Кина започна со приспособување на царините за увезени производи од Соединетите Американски Држави (САД) по договорот меѓу двете земји за почетно 90-дневно намалување на царините по преговорите во Женева,

Барселона најде голман за наредната сезона

Ракометната секција на Барселона конечно го реши голманското прашање за наредната сезона Изборот на управата на каталонците падна на Барселона, одличниот исландски голман  Виктор Халгримсон кој доаѓа од редовите на Висла Плоцк.

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците
Go toTop