„Годар: Човекот-филм“ вечерва во МСУ како најава за 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал

May 19, 2023
1 min read

Филозофскиот филмски фестивал информира дека вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност (МСУ) Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“, како најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Македонија.

„Годинешниот фокус на фестивалот е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, повторува една Годарова постапка – брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини, e сосема посакуванa“, соопштува организаторот на Фестивалот.

Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани околу 40 филмови, 50-тина настани, ќе има 18 домашни и странски гости и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“ којашто ќе се одржи во онлајн формат (25-ти и 26-ти мај).

Богатата фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-философија реализирана во партнерство со МЕДИА Деск Мк, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Придружна програма (со Фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекти.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија, во соработка со Кинотеката на  Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје (ФФФ@МСУ), како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Иран: Погубени тројца мажи поради насилство за време на минатогодишните протести

Следно

Русија има изгубено 50.000 научници за 5 години

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop