Германската војска отпушти 62 војници поради поврзаност со десничарскиот екстремизам

December 4, 2024
1 min read

Германските вооружени сили минатата година отпуштија 62 војници поради десничарски екстремистички активности и изјави, објавија официјални лица во денешниот извештај, јавува Анадолу.

Војската, исто така, одби 94 апликанти во текот на регрутирањето поради загриженост за нивната посветеност на демократското уредување на Германија.

Во извештајот на Министерството се документирани 205 инциденти во кои имало десничарско екстремистичко, расистичко или антисемитско однесување во 2023 година. Во некои случаи војници давале екстремистички изјави или изразувале поддршка за Рајхсбургер, десничарско движење што го отфрла легитимитетот на Сојузна Република Германија.

Извештајот е објавен во услови на растечка загриженост за крајно десничарскиот екстремизам во германските безбедносни сили. Последниве години властите распуштија елитна полициска единица и гонеа голем број активни и пензионирани воени лица за планирање напади со складирање на оружје и одржување врски со екстремистички мрежи.

Пред две години десетици крајно десничарски екстремисти, меѓу кои и германскиот аристократ Хајнрих Ројс, беа уапсени за наводен заговор за соборување на Владата со државен удар. Осомничените, меѓу кои и поранешни полицајци, војници и резервисти, се обвинети за планирање акции, како што се упад во германскиот Парламент и киднапирање политичари со цел во земјата да предизвикаат услови слични на граѓанска војна и на крајот да ја соборат Владата. Повеќето од осомничените биле следбеници на движењето Рајхсбургер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

 СВР Струмица расчисти кривично дело обид за убиство

Следно

Поддршка вредна злато: Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop