Германската влада одлучи: Ќе испрати 14 тенка „леопард“ во Украина

January 25, 2023
1 min read

Германија ќе обезбеди и логистика и муниција, се наведува во соопштението на германската влада

Германската влада денеска одобри испраќање на тенкови „леопард 2“ во Украина, првично 14 од овие борбени возила, како и нивен реекспорт од земјите партнери, пренесува „Билд“.

Целта е со овие тенкови брзо да се формираат два баталјони во Украина, а наскоро ќе започне обуката на украинските сили во Германија, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт.

Во соопштението на владата во Берлин се прецизира дека во првата транша на Украина ќе ѝ бидат испорачани 14 „леопарди“ од германските воени резерви, пренесе Ројтерс.

Германија ќе обезбеди и логистика и муниција, се наведува во соопштението.

Одлуката на Германија сега го отвора патот за Полска, Шпанија и Норвешка, кои претходно најавија дека се подготвени да испратат тенкови.

„Оваа одлука ја следи нашата добро позната линија на поддршка за Украина колку што можеме. Дејствуваме во тесна координација на меѓународно ниво“,

рече Олаф Шолц во Берлин.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Следно

Снег во Маврово, магла на патиштата кон Попова Шапка и Крушево

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop