Германската полиција уапси Иранец под сомнение дека планирал напад со биолошко оружје

January 8, 2023
1 min read

Според полицијата и обвинителството на Германија, Иранецот е обвинет дека подготвувал насилен чин што, како што се вели, би ја загрозил безбедноста со наводна набавка на цијанид и рицин за извршување на напад мотивиран од радикалното толкување на исламот

Германската полиција синоќа уапсила 32-годишен ирански државјанин во под сомнение дека набавил смртоносни хемикалии (цијанид и рицин) за да изврши „исламистички мотивиран“ терористички напад, објави Асошиејтед прес.

Како дел од истрагата, синоќа во градот Кастроп-Рауксел бил извршен и претрес во просториите на осомничениот

„Осомничениот е обвинет дека подготвувал насилен чин што би ја загрозил безбедноста со наводна набавка на цијанид и рицин за извршување на напад мотивиран од радикалното толкување на исламот“,

се вели во заедничкото соопштение на обвинителството и полицијата.

Портпаролот на обвинителството во Дизелдорф подоцна изјавил дека при првичниот претрес во просториите не биле пронајдени токсични материи.

Освен иранскиот државјанин, полицијата соопштила дека во врска со случајот е приведено уште едно лице, за кој медиумите пишуваат оти е брат на уапсениот.

Се уште не е одлучено дали 32-годишниот ирански државјанин ќе биде изведен пред судија.

Инаку, рицинот се смета за биолошко оружје и е на листата воено оружје. Дури и мали количини на рицин може да убие возрасен човек ако се јаде, инјектира или вдишува. Цијанидот е исто така многу токсичен, што дури и најмалите количини се смртоносни за човекот. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На овој празник време е за простување, ја повлеkувам тужбата за медиумот каде беа изнесени невистини за мене, вели д-р Жан Митрев

Следно

Пендаровски: Да си ја чуваме татковината

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop