Германија: Штрајковите предизвикаа нарушување на авиосообраќајот на аеродромите во Хамбург и Минхен

March 23, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германските власти денес предупредија на откажувања на летови од аеродромите во Хамбург и Минхен поради штрајкот на аеродромскиот персонал, јавува Анадолу.

„Полудневниот штрајк на персоналот на обезбедувањето на аеродромот во Минхен започна во 8 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на синдикатот Ver.di.

Операторот на аеродромот ги замоли патниците да го проверат моменталниот статус на својот лет во авиокомпанијата пред да тргнат кон аеродромот. Патниците се советуваат да патуваат со намален и лесен рачен багаж.

Во соопштението се наведува дека во текот на штрајкот најверојатно нема да биде можно опслужување на патниците.

Од аеродромот во Хамбург соопштија дека штрајкот веројатно ќе предизвика доцнења и долги редици, но ќе се обидат распоредот на летовите да го одржат со минимални поместувања.

На аеродромот во Хамбург поради несогласувањата околу висината на платата и условите на работа, еднодневен штрајк одржуваат вработените во одржувањето, контролата при качувањето во авионите и ИТ-секторот.

Синдикатот Ver.di овој месец започна со серија штрајкови откако втората рунда на колективни преговори со Владата и локалната власт заврши без договор.

Овој синдикат, кој го претставуваат 2,5 милиони работници во јавниот сектор, бара зголемување на платата за 10,5 отсто, не помалку од 500 евра, поради високата инфлација и зголемувањето на животните трошоци.

Се очекува новата рунда преговори да започне идната недела.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер го погоди Кахраманмараш

Следно

Водно и Вардар им се омилени, а што им пречи во Скопје – двете професорки со одговор

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop