Германија на крајот на март ќе ѝ испрати на Украина „половина баталјон“ од тенковите „леопард 2“

February 15, 2023
1 min read

Борел денеска ги повика другите земји кои го вперуваа прстот во Германија, да ѝ се придружат во испраќањето тенкови во Украина

Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Додека НАТО сојузниците имаат тешкотии да ги соберат тенковите што ѝ ги ветија на Украина, Германија конечно објави конкретен период кога ќе испрати „половина баталјон“ од борбените тенкови „леопард 2“, што би значело околу 15 возила. Според најавите, Украинците ќе ги добијат тенковите крајот на март.

„Не успеавме да составиме баталјон, ќе биде половина баталјон. Германија ќе обезбеди 14 ’леопард 2 А6‘, а Португалија три. Сакам да појаснам дека нашите ќе бидат испорачани во последната недела од март. Тој е сигурно“,

рече денеска германскиот министер за одбрана, Борис Писториус по состанокот во Брисел.

Полска, пак, се обврзна дека ќе испрати цел баталјон тенкови „леопард 2“, но од постар модел. Меѓутоа, претседателот Анджеј Дуда кој допатува во Брисел за да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не кажа кога ќе успеат да ги доопремат сите тенкови.

Норвешка вчера најави дека ќе испрати осум тенкови од овој тип, но ни таа не кажа кога ќе го направи тоа.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска ги повика државите да ѝ се придружат на Германија во испраќањето тенкови на Украина откако беше објавена вест дека Данска и Холандија се откажале од испораката.

„Државите мора да испорачаат колку што може тенкови, што е можно побрзо. Ќе биде разочарувачки, бидејќи толку многу го вперуваа прстот во Германија, сега тие да не испратат тенкови“,

рече Борел во интервју за германската телевизија „Феникс“.

Тенковите „леопард“ кои се германско производство, ги има во повеќе од 10 војски во земјите членки на НАТО. Украина, според ветувањата кои ги доби, треба во наредните месеци да добие најмалку 100 „леопард 1“ – постар, но обновен модел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТО) Српските десничари го завршија протестот: Пратеник се обиде насилно да влезе во полициска станица

Следно

Донфрид: САД се загрижени поради извештаите за руски заговор за дестабилизација на Молдавија

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop