Донфрид: САД се загрижени поради извештаите за руски заговор за дестабилизација на Молдавија

February 16, 2023
1 min read

Изјавата на помошник државната секретарка на САД доаѓа по минатонеделните обвинувања на молдавската претседателка Маја Санду која кажа дека Русија планира да користи странски саботери од други земји како Србија, Црна Гора и Белорусија за да го собори раководството на Молдавија и да го запре нејзиното пристапување кон ЕУ

Во интервју за молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа, Донфрид вели дека Вашингтон добро ја знае книгата според која се управува со Русија и оти ќе продолжи да стои на страната на Молдавија

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на претседателката на Молдавија, Маја Санду, и украинскиот претседател Володимир Зеленски за руски заговор против молдавското раководство, помошник државната секретарка на САД, Карен Донфрид, вели дека Соединетите Држави се длабоко загрижени поради извештаите за наводниот заговор за дестабилизација на Молдавија.

Во интервју за молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа, Донфрид вели дека Вашингтон добро ја знае книгата според која се управува со Русија и оти ќе продолжи да стои на страната на Молдавија.

„Мислам дека сите сме премногу запознаени со руските игри. Видовме што направи Русија на многу места, вклучително и Молдавија, вклучително и Украина, вклучително и Грузија. Списокот може да продолжи“,

изјави помошник државната секретарка на САД и додаде дека Вашингтон е во многу близок контакт со молдавските партнери во овој, како што рече, критичен период,

Донфрид истакна дека Молдавија е во ранлива географска положба поради војната во соседна Украина и предизвикот на отцепеното Приднестровје, каде што Русија одржува војници. 

„Додека Молдавија се соочува со овие тешкотии, го има раководството на претседателката Маја Санду, кое покажа длабока посветеност на реформската агенда и желба да се придвижи напред на патот кон создавање посилна демократија во Молдавија“,

рече Донфрид.

Изјавата на помошник државната секретарка на САД, доаѓа по минатонеделните обвинувања на молдавската претседателка Маја Санду која кажа дека Русија планира да користи странски саботери од други земји како Србија, Црна Гора и Белорусија за да го собори раководството на Молдавија и да го запре нејзиното пристапување кон Европската Унија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека неговата земја открила руски разузнавачки план за уништување на Молдавија. Неколку дена подоцна, молдавската влада поднесе оставка.

По наводите за руска дестабилизација на Молдавија, оваа земја во вторникот накратко го затвори својот воздушен простор поради безбедносни причини и за да ги истражи извештаите за постоење летечки објект на небото, во вид на балон.

Молдавија неодамна соопшти дека руска ракета го нарушила нејзиниот воздушен простор за време на напад врз украинската инфраструктура и го повикала рускиот амбасадор на разговор во знак на протест.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија на крајот на март ќе ѝ испрати на Украина „половина баталјон“ од тенковите „леопард 2“

Следно

Елиф Елмас почна акција за помош на настраданите од земјотресот во Турција

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop